Дома

 Контакт

English

Фабрика за сточна храна
Галерија со слики
ПРОИЗВОДСТВО НА ДОБИТОЧНА ХРАНА
Фабриката за добиточна храна, изградена во комплексот на Златно јајце Охрид е капацитет за производство на смески за исхрана на сите видови животни.
Во концептот за работа овој објект ќе произведува храна како за сопствени, така и за комерцијални потреби. Произведуваме разни видови на смески во зависност од потребата на пазарот и тоа стандардни и по порачка - специјални смески. Капацитетот е најсовремен, со технологија која гарантира квалитет и е изграден како заедничка инвестиција со Холандскиот партнер за производство на добиточна храна "HiFeed"ТМ Boxmeer, кој е дел од гигантот Nutreco - во светски рамки лидер во производството на сточна храна.
Квалитетот како наша стратегиска определба го контролираме во сопствената, современо опремена лабораторија, во кругот на фабриката, каде сите влезни компоненти и излезни смески треба да го потврдат декларираниот квалитет.
Како логистичка подршка на нашите клиенти, со цел да ги постигнат посакуваните резултати (несивост кај кокошките, конверзија храна - тежина кај бројлерите, масленост кај молзните крави, подобра
структура на месо кај свињите и телињата) и другите квалитативни мерила, на располагање за совет и упатстава им стои службата за послепродажна услуга составена од ветеринари и нутриционисти која заедно со локалните ветеринари ќе стори се од себе технологијата за производство предвидена кај соодветната живина, стока или добиток да стане реалност и во наши услови.
Купувајте ги прозводите "Златен микс", производи со деклариран и  препознатлив квалитет, со кој квалитет ќе постигнете натпросечни резултати во периодот на екслоатација. Станува збор за заокружен циклус "од зрно, до храна".
Проверете-квалитетот е во "Златниот микс" ТМ.