Дома

 Контакт

English

Галерија со слики

 

ГИЦА ИНКУБАТОР
"Гица Инкубатор", инкубатор за поддршка на малите бизниси, е основан во февруари 2001 година, кога и се започна со активностите околу реновирање и приспособување на веќе руинираните објектие. Првите четири фирми-пионери со доволна храброст и претприемчив дух се вселија во инкубаторот и започна со своето работење во октомври истата година, додека нивниот број сега е повеќекратно зголемен. Нашите членки се производствено ориентирани и со разна производствена структура.
Покрај активноста на издавање добро приспособен деловен простор, кој може да послужи како модел и за многу поразвиени земји од нашата и по цени кои се пристапни за членките на "Гица Инкубаторот", нашите активности сè повеќе се насочени кон пружање дополнителни услуги како за фирмите-членки, така и за сите останати заинтересирани. Дел од тие услуги вклучуваат изработка на програми за обука и преквалификација, подготвување на потребната извозна и увозна документација, пружање преведувачки, сметководствени и дактилографски услуги и сл.
Предностите за фирмите кои имаат изнајмено деловен простор во Гица инкубаторот се многубројни. Да споменеме само некои од нив: добивање простор кој одговара на нивните намени по пристапни цени, обезбедени им се други услуги по бенефицирани цени, пристапен им е кредитен фонд по многу поприфатливи услови од тие што им се овозможуваат во нашите банки, меѓусебна соработка со останатите фирми-членки и др. Покрај тоа, соработката со основачот на инкубаторот, фирмата "Гица" Доо, во најмала рака може да се рече дека е одлична. Политиката на основачот е насочена кон максимална соработка со фирмите членки, како и нивно помагање во поглед на пружање транспортни услуги, услуги за товарење и растоварање, но и нивно ангажирање за изведување работи за сметка на основачот, како и изнаоѓање нивни нови деловни партнери. Користа од ваквата соработка е обострана, но сепак најголемите придобивки ги имаат фирмите членки во инкубаторот.
Конечно, атрактивноста на просторот и побарувачката на нов деловен простор наложи проширување на нашите капацитети. За таа цел веќе се при крај градежните работи на нашиот нов објект, идниот дом за многу нови фирми почетници.