Дома

 Контакт

English

Семинар на Еко-Агро
Слики од семинарот Еко-Агро
Извештај од првата проектна работилница на Еко-Агро во соработка со ГИЦА (22 - 24 октомври) 2004г.
        Од 21 до 23 Октомври во хотелот Ривиера се одржа Првата проектна работилница на регионалниот РЕЦ проект СуДНет - Мрежа на одржлив развој.
        На работилницата, покрај проектниот тим составен од шест лица - Ранко Тадиќ и Сања Гашпарац од Еко Либурнија, Хрватска; Панче Николов и Љупчо Ивановски  од Еко-Агро, Македонија и Едина Бусовача и Златан Сариќ од Екопот, Босна и Херцеговина, на работилницата учествуваа претставници од Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од локалната самоуправа, од Проектот за заштита на Охридското Езеро, од земјоделскиот факултет, од ГТЗ, од ГИЦА, како и претставници од други институции, приватниот сектор и невладини организации и здруженија од општината.
        Присутните ги поздрави г-н Љупчо Ивановски, претседател на здружението  на еколошки земјоделски производитрели од Охрид, како домакин на средбата.
Работилницата свечено ја отвори г-н Васил Ложанкоски, претставник од кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, кој истакнувајки го значењето на проектот за општината, му даде целосна подршка.
        Поддршка на оваа иницијатива во која соработуваат партнери од други држави, кои земаат учество во развојот на нова гранка, даде и раководителот на органско производство, при МЗШВ, г-н Панче Николов.
        Работниот дел започна со презентирање на проектот од страна на г-н Ранко Тадиќ, кој ги изнесе идејата и причините за креирање на овој проект, целите и очекуваните резултати од него.
Потоа, носителите на проектот ги презентираа проектните региони и избраните пилот-општини, при тоа давајќи сопствена слика за работата на своите здруженија и нивната улога во проектот.
Попладнето гостите беа во разгледување на стариот дел од градот, при што се запознаа со културното и историско наследство на Охрид.
        Поблиско запознавање помеѓу гостите и домаќините се постигна во текот на вечерата организирана во нивна чест.
Вториот ден од работната средба беше презентиран краток филм за Приморско-Горанската околија, регион опфатен со проектот од Хрватска, од кој можеа да се видат нејзините природни и достигнати убавини, богатства и традиции на живеење и производство.
        Потоа, г-н Ранко Тадиќ ги запозна присутните со принципите на одржлив развој кои се недоволно непознати во проектните региони.
    -   Локална Агенда 21 (процеси),
    -   Заштита на околината преку системско претприемништво,
    -   Екотуризам,
    -   Органско производство,
    -   Одржливо користење на природните ресурси и наследството,
    -   Едукација и обука на локалното население.