Дома

 Контакт

English

Семинар на живинари - одгледувачи на бројлери
Слики од семинарот на живинари - одгледувачи на бројлери
Извештај од првиот семинар на живинари - одгледувачи на бројлери (27, 28 октомври) 2004г. хотел Ривиера
         На 27 И 28.10.2004 год во Хотел Ривиера се одржа 1-от семинар на живинари-одгледувачи на бројлери. Семинарот беше организиран од компанијата ГИЦА, ИРАДИА-Нови Сад, и Cobb-Europa, потпомогнати од CARE-International и УСАИД.
         Учесници на семинарот беа еминентни професори од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, Ветеринарниот факултет - Скопје, Институтот за сточарство - Скопје, како и меЃународни експерти од областа на генетиката во живинарството.
         На првиот ден од семинарот 27.10.04 предавачи беа г-дин Марек Поспиек, консултант на Cobb-Europa, и еден од врвните генетичари во областа на генетика во живинарството во светски рамки. Тема на предавањето беше презентација на искуства од одгледување на Cobb родители.
         На првиот ден од семинарот учество зеде и Д-р по вет. мед Александар Андонов на тема "Влијанието на исхраната врз репродуктивните резултати кај родители од тешка линија"
Вториот ден од семинарот започна со презентација на Марек Поспиек на тема "Постигнување на производни резултати со модерни бројлери”
Втор излагач беше Д-р Драголсав Коцевски, асистент по предметот живинарство на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје на тема "Влијанието од воведувањето на родителите од тешката линија врз развојот на бројлерската индустрија во Р.Македонија"
Со свое излагање на семинарот и учество во дискусиите имаа и Проф. д-р. Ристо Проданов, Проф д-р Методија Додовски, Генералниот менаџер на ГИЦА г-дин Љупчо Ивановски и др.
         Семинарот е од огромно значење врз развојот на бројлерската индустрија во Р.Македонија, како и врз едукацијата на стручниот кадар кој работи на оваа проблематика во Македонија. Истиот во иднина се надеваме дека ќе биде традиционален и од година во година ќе биде препознатлив собир како за ГИЦА, така и за градот Охрид.