Дома

 Контакт

English

Први "Денови на ЗЛАТНО ПИЛЕ"
Слики од настанот "Денови на Златно пиле"
Први "Денови на ЗЛАТНО ПИЛЕ" (29 - 31 октомври) 2004г.
ресторан "Златно пиле" (комплекс Летница)
         Компанијата Гица од Охрид од 29 до 31 октомври ги организираше Првите "Денови на Златно пиле", во ресторанот "Златно пиле" (комплекс Летница) во Охрид.
         Целта на организирањето на "Деновите на Златно пиле" е презентација на кооперантскиот начин на производство на бројлери и запознавање на заинтересирани нови кооперанти со начинот на производство на пилињата во домашни кооперантски услови и вклучување на нови кооперанти во системот за производство.
Сите заинтересирани имаа можност да водат разговори со кооперанти кои веќе работат во системот и да следат предавања и видео презентации за одгледување на бројлери во домашни кооперантски услови.
         "Деновите на Златно пиле" за отворени ги прогласи директорот на CARE International Љупчо Димоски, кој во својот говор истакна дека е среќен што на оваа манифестација може да се увери во постигнатите резултати од средствата и напорите кои заедно со Гица, Охрид, ги имаат вложено во развојот на бројлерското производство во Македонија, и истите ќе придонесат за зголемување на вработеноста и подобар развој на македонските села.
         Настанот беше посетен од голем број јавни личности, од Ветеринарен институт, Земјоделски институт, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници од локална самоуправа, посетители и граѓани заинтересирани за ваквиот начин на бројлерско производство.
         Крајна цел е манифестацијата да прерасне во традиција и бројот на кооперантите кои ќе одгледуваат пилиња постојано да расте.