Со цел унапредување на
продажбата на свежо пилешко месо и подобро запознавање на лицата
кои непосредно работат на негов пласман, ГИЦА го организираше
првиот семинар за техники и практики во третирањето на оваа
категорија на производ.
Темите кои беа
обработени се однесуваа на:
- категоризација и типизирање на купувачите;
- правилно менаџирање на свежото пилешко месо;
- начини на одгледување на бројлери;
- предности во консумацијата на свежо пилешко месо над другите
месни производи и сл.
Посетители беа непосредни продавачи
кои работат со овој производ во големите синџири на маркети,
продавачи во месарници и продавачи во продавници со мешана роба.
Предавачи беа истакнати научни
работници од Земјоделскиот факултет како и раководни лица од ГИЦА
ДОО Охрид. |