Дома

 Контакт

English

ПРОИЗВОДСТВО НА КОНЗУМНИ ЈАЈЦА

Назад

Производството на свежи конзумни јајца претставува примарна активност на нашата фирма. Поради значењето на јајцата и нивната застапеност во исхраната на населението, производството на јајца во фармата "Златно Јајце" на "ГИЦА" Доо се врши во строго контролирани услови и под непрекинат надзор на нашите стручни служби.
Во сопствениот комплекс на фармата “Златно јајце”, годишно се произведуваат преку 30 милиони јајца кои, покрај тоа што целосно го покриваат домашниот пазар преку сопствените дисконти и продажни места, се извезуваат и во соседните земји.
Нашите јајца може да се најдат во пакување од 6, 10, 12, 15 и 30 јајца. Предностите од конзумирањето на нашите свежи јајца се повеќекратни, а еве некои придобивки од нивното конзумирање:
  • Јајцата се во сопствено природно пакување и лесно се чуваат;

  • Јајцата се најкомплетна природна храна со хранливи состојки кои се достапни од природата - содржат здрава мешавина на протеини, витамини, масни киселини и други важни хранливи компоненти;

  • Јајцата имаат одличен вкус - може да служат како главен оброк, или пак како состојка или додаток на друга храна - тестенини, леб, печива и сл.;

  • Јајцата се составен дел од нашата култура на исхрана;

  • Јајцата се економски исплатливи - цел оброк за малку пари;

  • Јајцата лесно се подготвуваат.