НИЕ СМЕ ТОА ШТО
ЈАДЕМЕ
Покрај производството на свежи конзумни јајца, според лиценцата на
реномираната американска фирма OmegaTech, од Boulder, Colorado, а
во соработка со Републичкиот завод за здравствена заштита и
Катедрата за живинарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, а
следејќи го светскиот тренд за производство на здрава храна,
"ГИЦА" Доо веќе подолго време произведува јајца од типот DHA
Омега-3.
Како што веројатно веќе знаете, докосахексаенската киселина (DHA),
Омега-3 масна киселина со долг синџир е од суштинско значење за
човековото здравје и развој. Таа може да се најде во секоја клетка
на човековото тело. Бидејќи нашите тела не создаваат адекватна
количина на DHA, таа треба да се добие преку нашата исхрана.
Возрасните внесуваат просечно 100mg DHA дневно. Заради правилна
исхрана, стручњаците препорачуваат консумирање количина барем 3-4
пати поголема. Но како да се дојде до потребната дневна количина
на DHA? Секако, преку конзумирање на Омега-3 јајцата кои ги
произведува нашата фарма.
Нашите Омега-3 јајцата може да се најдат во пакување за 6 јајца.
Во секое пакување има контролен картон со сериски број, додека на
секое јајце стои заштитениот печат Omega DHA™.
Тајната е во исхраната...
Нашите несилки се хранети со единствена мешавина од 100%
природни состојки на морски алги патентирана од фирмата OmegaTech
од Boulder, Colorado, со што се подобрува исхраната, но и
здравјето, на нашите несилки.
Бидејќи се грижиме за здравјето на нашите несилки преку
исхраната, затоа тие ни враќаат со јајца со највисок квалитет.
Нашите јајца содржат DHA - биолошки моќна Омега-3 масна
киселина.
Нашите јајца содржат високи нивоа на DHA, за која научните
истражувачи докажале дека е од суштинско значење на нашиот
кардиоваскуларен систем, за нормалниот развој на човековиот мозок,
видот и нервниот систем.
Покрај горните предности, постоењето на високо ниво на DHA, како
што е нивото на DHA содржано во нашите јајца, потврдено е дека ги
намалува серумските триглицериди, помага при регулирањето на
крвниот притисок, го зголемува 'добриот' HDL холестерол, а го
намалува 'лошиот' LDL холестерол.
Повеќекратната придобивка од внесувањето повисоки нивоа на DHA
може да се согледа и од следните потврдени препораки:
DHA е важна состојка на мајчиното млеко
DHA е состојка од суштинско значење за мозокот,
ретината и нервниот систем.
DHA брзо се акумулира во мозокот на фетусот за време на доцната
бременост и доењето; затоа, медицинските истражувачи укажуваат
дека жените, за време на бременоста и доењето со мајчино млеко,
треба да конзумираат доволни количини на DHA. |