Дома

 Контакт

English

Посета на министерот за развој на кралството Холандија и амбасадорот на холандската влада во Македонија

Во Република Македонија на 15-ти октомври 2005 год. за прв пат дојде делегација на холандската влада предводена од министерот за економија и развој на мали и средни претпријатија г-ца Agnes Van Ardenne Van der Hoven.
Делегацијата беше предводена од членови на холандската амбасада во Македонија на чело со амбасадорката г-ца Frédérique de Man, а во придружба на членови од македонската влада.
Холандската делегација беше гостин на општина Охрид каде што беше пречекана од
градоначалникот - г-дин Александар Петрески.
Посебна чест и гордост за градo
т претставува тоа што единствена фирма во Македонија која беше посетена од оваа висока и значајна делегација е "ГИЦА" од Охрид. Во текот на посетата  уважените гости и присутните новинари можеа да се запознаат со еден од најуспешните холандски ПСО-проекти  (ПСО - проект на холандската влада за соработка со земјите од централна и источна Европа), кое има за цел да унапреди трансфер на холандско знаење и технологија), поддржани  од холандската амбасада.
Секако најважниот настан во оваа пригода беше потпишувањето на стратешка соработка помеѓу
"ГИЦА" ДОО - Охрид и една од најголемите холандски компании  "Trouw Nutrition International Hi Feed B.V." Со ова „ГИЦА” ДОО Охрид станува ексклузивен застапник и производител на нивни производи од програмата на сточна храна за целиот Балкан.