Во потрага за потполно задоволување на нараснатите потреби за
динамично живеење како и во согласност со нашите принципи за здрава
исхрана од оваа година во склопот на ГИЦА Доо започна со работа
специјализираниот пилешки ресторант "Златно пиле" Ресторанот е
сместен во строгиот центар на градот, во старата охридска чаршија.
Пријатниот амбиент, беспрекорната и брза услуга љубезниот персонал и
пријатната насмевка на нивните лица се само мал дел од она што го
нудиме ние.
Постојаниот контакт со нашите гости ни овозможува збогатување
на листата со нови и сосема поинакви специјалитети. Во Златно пиле
(ресторанот) можете да пробате широка лепаза на јадења и закуски
приготвени од свежо пилешко месо одгледано во домашни услови во
прекрасната природа на охридско-струшкиот регион.
Освен класичните пилешки специјалитети можете да порачате јадења по
ваш вкус, но како и да е ние Ви препорачуваме-крцкави кентаки крилца
прелиени со некој од чикен сосовите, "фамозниот" тост, пилешкото
гиро или пак Вашето утро во Охрид да го започнете со вистинска
пилешка чорба направена од свежо пилешко месо одгледано под падините
на Галичица и Јабланица. Но како и да е, дојдете и уверете се.
Вкусете ја разликата. Пробајте го Златно пиле на ГИЦА и откријте ги
новите вкусови на уживање во охридското крајбежје. |
ПИЦА И ДРУГА БРЗА ХРАНА
Веќе неколку години "ГИЦА" Доо, согледувајќи ги потребите на
туристите, но и тие на локалното население, има отворено
сопствен синџир продавници за пица и сродна брза храна во
најфреквентните места во Охрид. Покрај разните видови пица,
тука се подготвуваат и многу други јадења, од кои, поради
ненадминливиот вкус и стекнат имиџ, секако дека најпознат е
специјалитетот "Хот-Дог" од 60цм. Заради горните причини,
неминовно треба да ги посетите нашите продажни места за брза
храна уште при вашата следна посета на Охрид. Убедени сме
дека ќе станете наши постојани посетители за време на целиот
ваш престој во нашиот прекрасен град. |
Ресторанот "Златно јајце" нуди прифатлива елеганција и има
обезбедено место меѓу најдобрите ресторани во Македонија.
Исклучителната кујна е комбинирана со префинета услуга во
традиционална македонска атмосфера.
Во него ќе бидете услужени од персонал, кој ќе направи сè да ги
задоволи Вашите кулинарски потреби и погодности.
Лоциран е на брегот на Охридското Езеро и има единствен изглед и
поглед на допирлива природа.
Со посетата на ресторанот "Златно јајце", ќе бидете воодушевени
од вкусните јадења, типични за Македонија и Охрид. |
Во впечатлива атмосфера се сервираат
македонските традиционални јадења и рибни специјалитети со
одличен вкус, свежина и деликатесност.
Единствени светски се Охридската пастрмка и јагула.
Ваш е изборот да јадете внатре или надвор, романтично на
приватна маса за двајца, интимно за деловни средби или кога
е изнајмен целиот ресторан за веселби.
Пробајте ги нашите јадења!
- пици
- пастрмајлии
- јадења на скара
- колачи и торти. |