Дома

 Контакт

English

 

ЈАЈЦА ЗБОГАТЕНИ СО СЕЛЕН

Назад

ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Кога се зборува за здравјето на луѓето нашироко е прифатено дека исхраната има примарна улога во неговото подобрување и превенција од разни заболувања. Меѓу прехрамбените фактори антиоксидантите се посебно значајни.
Селенот е еден од нив. Како силен анти-оксидант селенот во голема мера го штити човековиот организам од штетните ефекти на слободните радикали и токсичните материи од метаболизмот.
Моментно во светот се дава големо значење на статусот на селенот за човековиот организам. Причните се повеќе од разбирливи, бидејќи  овој елемент е исто така од есенцијална важност за нормалната функција на имунолошкиот систем  и тироидната жлезда.
Истражувањата покажуваат голема поврзаност и помеѓу пониското внесување на селен во организмот и поголемата зачестеност на срцевите заболувања.
Благопријатното дејство на селенот се чувствува во голема мера и при контролата на некои хронични заболувања (на пр. ревматоидниот артритис).
Дневната препорачана доза на селен за луѓето е содржана приближно во две јајца, но под услов храната за несилки да е дополнета со органски извор на селен.
ГИЦА користи потполно природна компонента од органско потекло (селеноамино киселина), која е испитана и одобрена од Агенцијата за храна и лекови на САД.
Со јајцето збогатено со селен се добива нов квалитет чие консумирање ќе резултира со позитивни ефекти врз здравјето на потрошувачите од сите возрасти. Јајцата збогатени со селен претставуваат уште една придобивка на патот за здраво живеење преку здрава исхрана.
Не заборавете: НИЕ СМЕ ТОА ШТО ЈАДЕМЕ.