Дома

 Контакт

English

Галерија со слики
ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕСТЕНИНИ
Тестенините, како важен сегмент од човековата исхрана, се дел од нашата производствена програма. Во "ГИЦА" Доо се произведуваат неколку вида тестенини, кои се збогатени со свежи јајца од нашата фарма. Во најскоро време се очекува проширување на асортиманот на тестенини.
Тестенините и нивната хранливост се познати уште од дамнешни времиња. Знаејќи го тоа, како и нивната важност и место во човековата исхрана, нашата фирма посветува огромно внимание на процесот на нивното производство.
Имено, нашите тестенини се збогатени со свежи јајца произведени во сопствената живинарска фарма "Златно јајце", што секако придонесува за нивниот одличен квалитет и позитивните коментари на нашите потрошувачи.
Кога сме кај потрошувачите, вреди да напоменеме дека заради добербата што ја имаат во нашата фирма и производи, наскоро ќе бидат наградени со нашето производство на интегрални тестенини, но и на тестенини збогатени со јајца од типот Омега-3.