Почетоците на "ГИЦА" Доо од Охрид датираат од сега веќе далечната
1990 година. Од фирма со само едно вработено лице, таа денес
прерасна во призната, современо организирана фирма, со над 150
вработени.
"ГИЦА" доо е сместена на самиот почеток на индустриската зона на
Охрид, на улица "Железничка", бр.16.
Примарна активност на "ГИЦА" Доо - Охрид претставува производството
на свежи консумни јајца. Другите, но секако не помалку важни
активности на фирмата, вклучуваат производство на добиточна храна и
тестенини, како и бројлерско производство засновано врз кооперантски
принципи со приватни одгледувачи. Покрај тоа, "ГИЦА" Доо е
сопственик и на неколку угостителски објекти. Во сопствениот
комплекс на фармата "Златно јајце", кој се протега на површина од
67.000 м2, од кои 11.000 м2 се покриен простор, годишно се
произведуваат преку 35 милиони јајца кои, покрај тоа што целосно го
покриваат домашниот пазар преку сопствените дисконти и продажни
места, се извезуваат и во соседните земји. Производството на
консумни јајца опфаќа и Омега-3 јајца, кои имаат висока состојка на
докосахексаенска киселина (ДХА), Омега-3 масна киселина со долг
синџир, што е од суштинско значење за човековото здравје и развој;
како и јајца збогатени со селен, извонредно важен антиоксидант и
есенцијален микроелемент за човековиот организам.
Производството на добиточна храна, кое се врши во нашата фабрика
опремена со најсофистицирана производствена технологија и сместена
во истиот комплекс, дојде како неминовен резултат на нашата примарна
активност - производството на консумни јајца. Тука, во современо
опремената сопствена лабораторија и под надзор на нашите стручни
лица, се врши редовна контрола како на влезните компо-ненти кои се
употребуваат за производството, така и на готовата добиточна храна
наменета за сопствените потреби, но и за комерцијални потреби
наменети за пазарот.
Производството на тестенини, кои исто така се застапени во нашата
програма, доаѓа како логична последица на нашата основна дејност.
Произведуваме неколку видови вкусни тестенини, чиј квалитет го
гарантираат свежите јајца од нашата фарма.
Најнов и најзначаен проект за наредниот период е, секако,
производството на свежо пилешко месо, на пазарот познато како
"Златно пиле". Бројлерското производство се одвива на кооперантски
фарми при максимално погодни амбиентални услови и во еколошки чиста
средина, а пилињата се хранат исклучиво со соодветно избалансирани
хранливи смеси од растително потекло кои секојдневно ги контролира
нашиот стручен тим.
Производите на ГИЦА имаат препознатлив квалитет за кој внимателно се
грижи секој наш вработен. Ние не штедиме ни труд ни енергија во
работата затоа што знаеме дека кога храната е во прашање, само
врвниот квалитет е доволно добар за нашите потрошувачи.
"Ние сме тоа што јадеме" |