Десет едноставни факти кои гарантираат дека апсолутно не е
возможно во продажба да се појават пилиња на Гица заразени од
птичји грип или која било друга болест на живината:
1. Гица има сопствено матично јато за производство на
бројлерски пилиња од контролирани здрави родители.
• во рамките на
специјалниот третман кој го има јатото, оплодените јајца се
произведуваат во затворен и строго контролиран карантински систем,
под постојана ветеринарна контрола .
2. Компанијата има затворен процес на инкубација на еднодневни
пилиња во инкубаторската станица.
• процесот до
изведување на еднодневни пилиња трае 21 ден, под постојана
ветеринарна контрола .
3. Дистрибуцијата на еднодневните пилиња секогаш се врши со
затворени специјални возила до фармите за одгледување.
4. Процесот на одгледување на пилињата во фармите трае пет недели
во затворен и строго контролиран карантински систем под постојана
ветеринарна контрола.
• пилињата се
хранат исклучиво со здрава храна од растително потекло,
произведена во сопствената фабрика за добиточна храна .
5. Транспортот на одгледаните пилиња се врши со затворени
специјални возила до Кланицата за колење.
6. Процесот на колење на пилињата се одвива под надзор на
ветеринарен инспектор од Ветеринарна управа на РМ и на сопствена
ветринарна служба.
7. Процесот на конфекционирање и пакување на свежи пилиња и свежо
пилешко месо е под постојана ветеринарна биотехонолошка и
нутриционистичка контрола.
8. Дистрибуцијата на свежите пилиња и конфекционираното свежо
пилешко месо до малопродажните објекти се одвива со специјални
затворени возила за превоз на свежо месо со термокинг систем за
разладување.
9. Гица има сопствена ветеринарна служба и лабораторија за
контрола на сите влезни суровини и на излезните готови производи.
10. Сите постапки и процедури во ДОО Гица - Охрид востановени се
според систем за квaлитет ISO 9001: 2000. |