|
Во склад со проектот за производство на здрава храна ГИЦА ДOO од
неодамна на пазарот го лансираше својот нов производ - свежо пилешко
месо под трговската марка "Златно пиле". "Златно пиле" на ГИЦА се
одгледува на кооперантските фарми во охридско-струшкиот регион при
максимално погодни амбиентални услови за живината во еколошки чиста
средина. |

| Бројлерска фарма - с.Мешеишта |
|
Хрането е со соодветно избалансирани хранливи смески составени од
внимателно избрани растителни суровински компоненти и
витаминско-минерални додатоци. Со потекло од гарантирано здрави јата
на избрани-високопродуктивни родители, добиеното пилешко месо е со
одличен квалитет и висока хранлива вредност. Лесно е сварливо,
вкусно е и сочно и содржи висок процент на биолошки вредни белковини
кои се неопходни на нашиот организам (за градба и нормално
функционирање на телесната мускулатура, жлездените органи, крвните
садови и кожата). Пилешкото месо со својот ниско-калоричен и
високо-протеински состав претставува идеален хранлив извор на
протеини.
Па затоа не заборавајте: Свежо си е Свежо, вкусете ја разликата,
вкусете го и Вие "Златно пиле" на ГИЦА и уверете се.
*Занимливост
Пилето е потомок на дивата јужно-азиска живина од џунглата, првобитно
припитомена во Индија уште 2000год. пред нашата ера.
Повеќето денешни птици селекционирани и одгледани за месо потекнуваат од
расите White Rock и Cornish. Инаку сите
раси и нивните мелези (за производство на јајца и за производство на
месо) - и бројлерите и несилките припаѓаат на истиот вид живина:
Gallus, т.е. кокошка. |